Охридскиот маратон со осум пливачи од пет земји

188

Еден од најзначајните спортски настани во нашата земја, кој има повеќе децениска традиција и кој се смета за бисер на нашиот спортски но и општествен живот, Охридскиот маратон, годинава ќе се одржи со само осум пливачи од пет земји. Со оглед на фактот што до пред извесно време истиот беше откажан, па повторно реактивиран за годинава, ова може да се смета како преодна варијанта само колку да се одржи континуитетот на одржување на самиот маратон.

Истиот е закажан за 10. септември, а на патеката „Климе Савин“ долга 25 километри, пливачите ќе се борат за награден фонд од 10.000 долари. Истите ги обезбеди Агенцијата за Спорт и Млади која е коорганизатор заедно со Општина Охрид.

„Иако и претходно нагласивме дека е навистина тешко во еден краток период да се организира манифестација од вака висок ранг, сепак оваа година успеавме да го подготвиме одржувањето на маратонот и она што е најважно е да ја зачуваме традицијата. Беше тешко да се донесат што поголем број пливачи во период кога веќе сите тие не можеа да си ја нарушат претходно подготвената своја програма. Но, среќни сме што маратонот ќе се одржи и што како општина наидовме на огромна поддршка од локални и државни компании. И никогаш повеќе да не се дозволи да биде доведено во прашање одржувањето на маратонот“ – истакна на денешната прес-конференција градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

 

ПретходноОфицијално: Замир Дика нов претседател на Шкендија, Харун Иса нов спортски директор
СледноБарселона ги претстави Белерин и Алонсо