Пеп: Сити нема да направи ништо во ЛШ ако постојано се потпира на Халанд

199

Англискиот шампион Манчестер Сити вечерва против Севиља ја почна авантурата во Лигата на шампионите. „Граѓаните“ целат на трофејот, а тренерот Пеп Гвардиола јасно стави до знаење дека нема ништо да направат ако постојано се потпираат на новото засилување Ерлинг Халанд. Норвежанецот добро тргна во Премиер лигата, почна да ги решета противничките мрежи и тоа може да направи проблем како што одминува сезоната.
Да бидам јасен. Ако се ставиме на плеќите на Халанд тогаш нема шанси да ја освоиме Лигата на шампионите. Мораме да работиме, да му помогнеме тој да постинува голови. Не можеме да го оставиме сам. Ние го убедивме да дојде кај нас и тој почувствува дека немаме напаѓачи и дека може многу да игра. Но тоа не значи дека само тој треба да игра, а другите да гледаат. Разбирам дека сите зборуваат за Халанд, меѓутоа имам тројца-четворица нови играчи во тимот и сакам да им помогнеме да се прилагодат“, изави Гвардиола.
Во шест меча во Премиер лигата, 22-годишниот напаѓач постигна 10 гола и 1 асистенција.

ПретходноДинамо го чека казна: БББ го запалија знамето на УЕФА пред Чеферин и Бобан (фото)
СледноДончиќ држеше час по кошарка во Келн, Германија без одговор!