Вуко Бороза по заминувањето од Вардар, никако не успеава да се задржи на едно место. Црногорецот требаше да биде големо засилување во редовите на ППД Загреб, но дефинитивно во новата сезона нема да го гледаме во дресот на овој тим.
Од таборот на хрватскиот тим открија дека договорот е раскинат е причината е недоволната подготвеност на Борозан.
„Почитувани претставници на медиумите, ве известуваме дека управата на ППД Загреб го раскина договорот со ракометарот Вук Борозан. Договорот е раскинат бидејќи играчот не ги исполни договорните обврски, односно поради тоа што адекватно не е подготвен за новата сезона за време на подготовките. Раскинувањето на договорот стапи на сила во вторник, 6 септември. На Вуко Борозан му посакуваме се најдобро во продолжението на кариерата“, се вели во известувањето на ППД Загреб, кој го освои второто место на СЕХА завршницата.