Нова сензација на Европското првенство. Бугарија на големо изненадување на сите ја урна Грузија среде Тбилиси со 80-92. Ретко кој очекуваше дека ќе бидеме сведоци на едно вакви сценарио, но токму затоа натпреварите од Европското првенство секогаш нудат возбудливи завршници.
Бост со 33 поени и 12 асистенција беше прв стрелец, зад него Везенков 28 поени и 14 скока.
Домаќинот на групата А, водеше по првата четвртина со 18-14, Бугарија се врати на мала врата, на одморот замина со минимална предност од 38-39. Овој резултат не најавуваше дека ќе има изненадување, но по завршување на третата четвртина стана јасно дека Грузија ги губи конците, Бугарија го доби овој период со 19-27.
И покрај сите обиди, Грузија не најде начин да се врати, бидејќи противникот дојде на плус 14 (67-81 и 70-84).