Синиша Михајловиќ доби отказ во Болоња!

707

Синиша Михајловиќ повеќе не е тренер на Болоња. Италијанските медиуми откирваат дека причината поради која управата на клубот се решила на ваков чекор е што тимот постигнал послаби резултати од очекувањата.

Болоња го зазема 16-тото место на табелата во италијанскиот шампионат, има три нерешени и два порази, а сите голови ги постигна само еден играч, австрискиот напаѓач Марко Арнаутовиќ.

Исто така, Михајловиќ неодамна влезе во конфликт со навивачите бидејќи, како што изјави поранешниот селектор на српската репрезентација, тие го навредувале неговото семејство.

Тој во Болоња првпат беше во 2008 година, се врати во 2019 година по неколку месеци дозна дека боледува од Леукемија. На клупата на овој тим запиша 130 меча и 43 победи.

Како заменик на Михајловиќ се споменува Тијаго Мота, како и Клаудио Раниери.

ПретходноФранција им се „одмазди“ на Босанците!
СледноКире Маркоски го засили Вардар!