Турција заборави на проблемите, убедливо ја совлада Белгија и веќе гледа кон Топ16

92

Репрезентацијата на Турција го остави хаосот зад себе. По скандалот со домаќинот на ЕП, Грузија, турските кошаркари се исправија и го добија дуелот со Белгија, и тоа убедливо ја совладаа со 78-63 во рамките на четвртото коло во групата А.

Со оваа победа, трета на шампионатот само чудо може да ја спречи да се најде во осминафиналето. Последниот дуел од групната фаза го игра против Шпанија, победа ќе значи прво место на табелата, односно дуел со четвртопласираниот од групата Б.

Белгија беше велосно изгубена во првата четвртина, постигна само шест поени, додека прими 20, ова беше клучниот момент за крајната разврска. Чеди Осман имаше само осум поени, прво име беше Сенгун со 24 поени и 8 скока.

Во оваа група Грузија игра со Бугарија, Шпанија со Црна Гора. По овие мечеви ќе бидат познати многу дилеми.

Претходно„Новиот Меси“ тренира со првиот тим на Барселона на 15. години (ВИДЕО)
СледноППД Загреб не трпи непрофесионализам, му врачи отказ на Борозан!