УС Опен: Тиафо го запре походот на Надал кон нов Грен Слем трофеј

166

22-кратниот Грен слем шампион Рафаел Надал го претрпе првиот пораз на Грен Слем турнирите во 2022 година и значително ги намали шансите за враќање на првото место на светската ранг-листа. Тој синоќа беше поразен во четири сета од американскиот тенисер Френсис Тиафо во четвртото коло на УС Опен со 1:3 (4:6, 6:4, 4:6, 3:6) за 3 часа и 32 минути игра.

Така, по триумфите во Австралија и Париз, кои му го зголемија контото на 22 „грен слем“ титули, и по повлекувањето пред полуфиналето на „Вимблдон“ против Ник Киргиос, конечно се најде човек кој на теренот ќе го спречи Шпанецот во походот кон нов пехар.

Френсис Тиафо ги загуби претходните два меча против одличниот Шпанец, но собра сили за изненадување. Тој меѓудругото со оваа победа стана првиот Американец кој стигнал до четвртфиналето на УС Опен по Џон Иснер во 2018 година и најмладиот по Енди Родик во 2006 година.

Кај дамите, светската тенисерка број 1, Ига Швјонтек извојува тешка победа над Жил Нимаер со 2:1 (2:6, 6:4, 6:0) за 2:24 минути игра. Со оваа победа, Полјачката се пласираше во своето прво четвртфинале на Отвореното тениско првенство на САД.

ПретходноЧеферин го откри домаќинот на Мундијалот 2030
СледноКармело Ентони ќе биде замената за повредениот Галинари во Бостон