Финците се опоравија, само Србија може да и даде „трошка“ надеж на Чешка

147

Денеска натпреварите на Евробаскетот наизменично се менуваат како на лента, а последниот кој заврши пред малку беше меѓу Чешка и Финска во Прага.

Ова беше натпревар од четвртото коло од групата Д. Само ден по дебаклот против Србија (100-70), Финците успеаја да се соземат и остварија многу важна победа за пласман во осминафиналето.

Финска го доби мечот со Чешка со 98-88, па сега има биланс од две победи и два порази, а Чесите останаа на претпоследното место со една победа и три порази.

Сепак, уште има надеж за Чесите кога е во прашање пласманот во осминафиналето, а таа нивна надеж сега се вика – Србија.

Чесите ќе имаат корист од потенцијалната победа на Србите против Израел, во мечот кој започнува од 21 часот. Во тој случај Израел би имал скор 2-2, па Чешка би се решила за пласман во осминафиналето во директен дуел со Израелците во последното коло. Сепак, како играат Чесите на овој шампионат, нивните шанси се многу мали.

Финска пак во последното коло од групната фаза игра против Холандија меч кој треба да го добие без проблем.

Инаку Финците уште во првата четвртина им ставија до знаење на Чесите дека немаат што да бараат на овој натпревар. Предводени од незапирливиот Марканен првите десет минути ги добија со 29:18, Чесите успеаја да ја намалат разликата во втората четвртина, но веќе во третата четвртина Финците повторно отидоа на „безбедна дистанца“ и рутински ја завршија работа до крај.

Одличниот Лаури Марканен мечот го заврши со 34 поени и 10 скока, а одличен беше и Сасу Салин со 23 поени. Кај домашните најефикасен беше Хрубан со 22 поени, Весели постигна 15.

ПретходноОршиќ го претрча половина терен и го шокираше Челзи (ВИДЕО)
СледноГран Фондо доаѓа во Скопје, одлична шанса за велосипедска промоција на Македонија