Чеферин го откри домаќинот на Мундијалот 2030

472

Претседателот на УЕФА Александар Чеферин изјави дека е сигурен дека домаќини на Светското првенство во фудбал во 2030 година ќе бидат Шпанија и Португалија. Самиот тој работи на тоа, без да крева врева.
Сигурен сум дека Мундијалот во 2030 година ќе се игра во Шпанија и Португалија“, изјави Чеферин на меѓународниот конгрес „Фудбалот зборува“ кој е организиран од Фудбалската федерација на Португалија во Лисабон.
Ќе направиме се што е можно да им помогнеме на оние земји чија страст е фудбалот, кои живеат и дишат фудбал и имаат одлична инфраструктура“, додаде Словенецот.
Шпанија веќе предложи 15 градови каде може да се играат натпревари на Светското првенство, а 11 ќе бидат избрани во месец ноември. Португалија во моментов предлага 3 градови.

ПретходноПогба мора на операција, ќе го пропушти СП во Катар?
СледноУС Опен: Тиафо го запре походот на Надал кон нов Грен Слем трофеј