Шпанија ја оправда фаворитската улога на дуелот против Црна Гора во рамките на 4. коло во групата А. „Фуријата“ славеше со убедливи 65-82 и против Турција ќе се бори за првото место на табелата.
На избраниците на Серџо Скариоло им беше потребно едно полувреме да го решат овој дуел. На одморот имаа позитива од 53-31, на другата страна Црна Гора одигра нешто подобро во последни две четвртини, но истите ги доби со минимална разлика, премалку за да направат изнендување.
Во оваа група Црна Гора и Белгија имаат скор 2-2, на нив ќе им се придружи Грузија, па две од овие три селекции заедно со Шпанија и Турција ќе одат понатаму. Белгија е најсигурна со оглед на тоа дека игра против Бугарија, додека Црна Гора и Грузија ќе се сретнат во директен дуел за последното место кое води во Топ 16.
Ернангомез со 14 поени и 13 скока ја предводеше Шпанија, кај Црна Гора, Михајловиќ имаше 18 поени.