Србија заедно со Грција остануваа единствените две репрезентации без пораз по четвртото коло на Евробаскетот. Избраниците на Светслав Пешиќ славеа против Израел со 78-89 и го потврдија своето место во осминафиналето. Во последното коло од групната фаза, Србија игра против Полска.
Лидер на теренот беше Никола Јокиќ, кој имаше дабл-дабл од 29 поени и 11 скока, зад него беше Мициќ со 19 поени.
Хрватска не успеа да ја добие Италија, беше поразена со 81-76 за втор пораз на ЕП. Осминафинале „коцкестите“ ќе заверат со победа над Украина, сега имаат скор од 2-2.
Италијаните во првото полувреме имаа предност од осум поени, Бојан Богдановиќ ја држеше Хрватска во игра, но тешко беше за него и соиграчите особено што домаќинот имаше голема поддршка од публиката.
Во третата четвртина „коцкестите“ дојдоа до водство, овој период го добија со 25-13. Но во одлучувачките десет минути, Хрватска лошо отвори, Италија од неспортската на Зубац постигнаа пет поени, фатија приклучок и полека ја градеа предноста за победа.