По цели осум години од како ја започна својата кариера надвор од матичниот Пелистер, Томе Китановски денеска и официјално се врати во својата Битола, во својот Пелистер.
Како што објавија од клубот, “бомбата“ за нив во овој летен преоден рок е токму Китановски,офанзивниот бек кој може да игра и на други позиции во дефанзивата.
Се разбира дека со Китановски, кој во Битола дојде од Струга ТЛ, големите амбиции на Пелистер во тековната сезона во ВМФЛ, сега се уште поголеми.