Рикиардо ќе ја пропушти Ф1 сезоната 2023?

117

Иднината на возачот на Мекларен во Формула 1, Даниел Рикиардо останува неизвесна, но голема е веројатноста дека Австралиецот ќе ја пропушти следната сезона. Ова ќе се случи откако во неделата наутро беше објавена снимка на интернет на која Рикиардо разговара со возачот на Ред Бул, Серхио Перез, несвесен дека го снимаат.

Перез го прашува Даниел што ќе прави следната година, а тој му вели дека ќе ја пропушти следната сезона и ќе се врати во Ф1 во 2024 година.

Според неодамнешните извештаи, Даниел му понудил на Мерцедес да стане нивни резервен возач и првите индикации се дека Тото Волф ја прифатил идејата.

За следната година има уште слободни места во Формула 1 во тимовите на Хас, Вилијамс и Алпин, но шансите на Рикиардо, кој на крајот на годината ќе го напушти Мекларен, не се големи во битката да обезбеди место во некој од болидите на овие тимови.

ПретходноАлпла Хард како судбина: По Е. Пелистер 2, сега Бутел ќе игра против Австријците во ЛЕ
СледноПовеќе од 53 милиони денари видеолотарија исплати за добивки во август