Роналдо по 20 години за првпат ќе игра во Лигата на Европа

168

Манчестер Јунајтед го објави списокот на играчи со кои ќе настапува оваа сезона во УЕФА Лигата на Европа.

Во него беше вклучен и напаѓачот Кристијано Роналдо, кој последен пат играше во Лигата на Европа во сезоната 2002/03. Тогаш турнирот се викаше Куп на УЕФА, а Португалецот играше за Спортинг.

Тимот кој тренерот Тен Хаг го пријави за ЛЕ е следниот:

Голмани: Давид Де Хеа , Мартин Дубравка, Том Хитон

Дефанзивци: Диого Далот, Виктор Линделоф, Хари Мегваер, Тајрел Маласија, Лисандро Мартинез, Лук Шо, Аксел Туанзебе, Рафаел Варан, Арон Ван-Бисака

Среден ред: Касемиро, Кристијан Ериксен, Бруно Фернандес, Фред, Скот Мектоминај, Факундо Пелистри, Џејдон Санчо , Дони ван де Бек;

Напаѓачи: Ентони, Алехандро Гарначо, Ентони Марсијал, Маркус Рашфорд, Кристијано Роналдо.

Во групната фаза од Лигата на Европа, Манчестер Јунајтед ќе игра со Омонија, Шериф и Реал Сосиедад.

ПретходноФјури му фрли ракавица, Џошуа прифати: Ќе има ли борба за ВБЦ титулата во декември?
СледноАлпла Хард како судбина: По Е. Пелистер 2, сега Бутел ќе игра против Австријците во ЛЕ