Белгија е таа која успеа да стави печат на пласманот во осминафиналето, од групата А, која се игра во Тбилиси. Имено попладнево селекцијата на Белгија успеа да ја победи Бугарија со 89:80 и со тоа и дефинитивно да се пласира во завршницата од ова ЕВРО 2022.
На Бугарите им требаше триумф за да се надеваат дека тие ќе бидат еден од патниците во следната фаза од оваа група, но не успеаја во тоа.
Во првата четвртина беше егал, но Белгија направи високо водство во вториот период кога оваа четвртина ја доби со 21:11. Бугарија се обиде да стори нешто повеќе во второто полувреме, но сепак на крајот мораше да им честита на своите ривали и да го признае поразот.
Везенков вообичаено беше најпрецизен кај Бугарите со 26 поени, додека кај Белгија најпрецизен беше Обасохан со 25 поени.