Дефанзивецот Ерик Баји го напушти Манчестер Јунајтед и отиде во Олимпик Марсеј и тоа засега како позајмен фудбалер. Фудбалерот од БС Коска не се изнаигра, па реши да си замине ако сака да не стагнира во кариерата. Си ја отвори душата и кажа што е проблемот во Манчестер Јунајтед.
„Јунајтед треба да престане да ги фаворизира англиските фудбалери и да им даде шанса на сите. Клубот треба да направи позитивна атмосфера во соблекувалната, но не е така. Имам впечаток дека англиските фудбалери се привилегирани. Тоа не е случај во Челзи или друг голем премиерлигаш. Во Јунајтед се убедени дека англиските фудбалери мора постојано да играат и тоа го ослабнува тимот.
За среќа Ерик тен Хаг кога дојде покажа смелост да го промени тоа“, изјави Баји.