Голема, голема и убедлива победа на Тиквеш против Шкупи од 3:1 во заостанатиот меч од 1.коло во ПМФЛ. Попладнево во Кавадарци, домашниот состав едноставно беше маестрален, едноставно го понижи шампионот. Секако дека ова е најголема сензација во досегашните шест кола во ПМФЛ.
Тиквеш со головите на Нгоба во 24.минута, Ивановски во 28. и повторно Нгиба во 56.минута имаше сензационални 3:0 против составот од Чаир кој играше во најсилниот состав, го немаше само Сандеј Адетунџи. Но тогаш во 57.минута Темелков си даде автогол и Шкупи успеа да намали на 3:1. Да споменеме дека гостите од Скопје во почетокот на второто полувреме останаа со играч помалку од како Хамиди доби втор жолт картон, односно црвен.
Нема што, Тиквеш многу бргу го преболе заминувањето на стратегот Влатко Костов, а Шкупи е во серија од два порази по ред, посебно ако се знае дека во неделата загуби и од Брегалница.
Факт е дека шампионот го “тресе“ тешка криза, ќе видиме како ќе се одвиваат работите во блиска иднина. Мора под итно нешто да се менува, во спротивно лошо ќе биде за сите во клубот од Чаир.