Србија без Недовиќ до крајот на ЕП

241

Еден од главнтие фаворити за освојување на златниот медал на Европскиот кошаркарски шампионат, репрезентацијата на Србија ќе мора турнирот да го доигра ослабена. Немања Недовиќ на дуелот со Финска доживеа повреда која нема да биде залечена до крајот на турнирот, што значи дека нашиот северен сосед ќе мора да се обиде да стигне до златото без него. Се работи за делимична руптура на листот на ногата.

Исто така, Вања Маринковиќ поради проблеми со стомакот го немаше на последните два дуели, додека Никола Милутинов сеуште чека на првите минути на овој турнир.

 

ПретходноМаратонот на ЕП продолжува, жестока битка во групата А!
СледноЧувството да го победиш Челзи…. непроценливо!!!