Тухел доби отказ од Челзи, но си „лапна“ 17,5 милиони евра!

251

Томас Тухел не е веќе тренер на Челзи. По бламажата вчера од Динамо Загреб, утринава новото раководство на Челзи му врачи отказ на Германецот кој во 2021 година му ја донесе титулата европски првак на тимот од Лондон.

Сепак тој нема причина да биде толку незадоволен, посебно ако се знае дека според договорот Челзи него треба да му исплати отштета од 17,5 милиони евра, или вкупно 20 милиони, тука се смета и сумата која треба да ја земат и неговите помошници, кои исто така веќе нема да бидат дел од стручниот штаб на Челзи.

Значи отказот на Тухел, клубот од Лондон ќе го чини најмалку 20 милиони евра.

ПретходноПолувреме: Тиквеш го “толчи“ шампионот, Нгоба и Ивановски за водство од 2:0
СледноКлоп остро кон италијански новинар: Не сум тука за да ви ги правам насловните страници