На роденденот на македонскиот фудбалер на 20. век Дарко Панчев, 7 септември, најавено е издавањето на автобиографијата на популарниот Кобра. Напишана од страна на доајенот на македонското спортско новинарство, Зоран Михајлов, автобиографијата на Дарко Панчев содржи досега необјавени детали за животот и воопшто кариерата на најдобриот фудбалер на Македонија на 20. век кој остави неизбришлив траг како во некогашниот југословенски, а потоа и самостоен македонски фудбал.
„Златната копачка“ на Европа веројатно има уште што многу да каже во својата автобиографија, која е раритет за македонските спортски движења и текови, затоа а што ретко кој наш успешен спортист се решава на ваков потег.