Ајакс го прегази Ренџерс, Спортинг (Л) му покажа на Ајнтрахт што е меч во ЛШ (ВИДЕО)

92

Моќно и со убедливи победи, Ајакс и Спортинг (Л) ги отворија денешните пресметки од 1. коло на Лигата на шампионите. Ако победата на Ајакс над Ренџерс и не е големо изненадување, триумфот на Спортинг во Франкфурт против Ајнтрахт и тоа со убедливи 3:0 е рамно на сензација.

Ајакс уште по половина час игра на мечот со Ренџерс го реши прашањето околу победникот на мечот. Со голот на Алварез во 17. минута домашните поведоа со 1:0, по што следуваа два брзи гола во 30. и 33. минута на Бергхјус и Кудус за 3:0 со кои се замина на пауза.

Во вториот дел Ренџерс успеа да погоди преку Баришиќ, но голот беше поништен поради офсајд. Конечните 4:0 ги постави Бергвијн со голот во 80. минута.

Во Франкфурт, Спортинг направи големо изненадување. Иако во првиот дел резултатот беше 0:0, во второто полувреме актуелниот освојувач на Лигата на европа, комплетно се загуби на теренот, а гостите од Португалија тоа го искористија максимално и со три гола дојдоа до првите три бода. Головите за Спортинг ги постигнаа Едвардс, Тринкао и Сантос.

ПретходноСкопје 2020 немоќен во Битола, Е.Пелистер се загреваше за Вардар!
СледноЦрна Гора го „зграби“ последниот билет за осминафиналето во Тбилиси!