Будва, Крајова и Раднички на силен турнир по повод „75 години одбојка во Струмица“

91

Македонскиот одбојкарски шампион Струмица Никоб од утре, па во наредните четири дена ќе биде домаќин на силен меѓународен одбојкарски турнир, кој ќе бид епоследна проверка на силите на нашиот првак пред премиерното претставување во квалификациите во Лигата на шампионите.

Турнирот се организира по повод јунилејот „75 години одбојка во Струмица“. Покрај домаќинот на турнирот, како гости ќе се појават силните состави од регионот како шампионот на Црна Гора ОК Будва, исклучително квалитетниот тим на МОК Раднички од Србија и романската Крајова.

Турнирот стартува утре на големиот државен празник „8 септември“ со мечот меѓу Будва и Струмица Ников од 17.30 часот. Сите натпревари ќе се играат во спортската сала „Парк“ во Струмица.

ПретходноРеал (М) го загуби Бензема цел септември
СледноУ15: Пораз од Малезија на развојниот турнир на УЕФА (ФОТОГАЛЕРИЈА)