Васоски и официјално се врати во Академија Пандев

199

Александар Васоски и официјално се врати на кормилото на тимот на Академија Пандев. Откако одработи веќе еден мандат, па замина во БИХ за да го води тимот на Сараево, Васоски сега се враќа во Струмица на местото на Ѓорѓе Стојчев. Тој пак си замина по поразот од Шкендија на домашен терен од 1:3.

Васоски доаѓа во момент кога тимот на Академија Пандев се мачи на резултатски план, а од друга страна има Европски амбиции. Затоа, струмичани уште на стартот на ПМФЛ сезоната направија смена на тренерското место, и се одлучија за проверена варијанта.

Васоски беше во комбинација за преземање на клупата на шампионот Шкупи, но и тој очигледно дека се реши за проверената варијанта.

ПретходноХуманитарен турнир во Бутел за Јована!
СледноЛШ: Под Везув „врие“ – Елмас со Наполи го дочекува Ливерпул!