Го напушти Јунајтед и посочи проблем во клубот кој мора да се „искорени“

388

Дефанзивецот Ерик Баји го напушти Манчестер Јунајтед и отиде во Олимпик Марсеј и тоа засега како позајмен фудбалер. Фудбалерот од БС Коска не се изнаигра, па реши да си замине ако сака да не стагнира во кариерата. Си ја отвори душата и кажа што е проблемот во Манчестер Јунајтед.
Јунајтед треба да престане да ги фаворизира англиските фудбалери и да им даде шанса на сите. Клубот треба да направи позитивна атмосфера во соблекувалната, но не е така. Имам впечаток дека англиските фудбалери се привилегирани. Тоа не е случај во Челзи или друг голем премиерлигаш. Во Јунајтед се убедени дека англиските фудбалери мора постојано да играат и тоа го ослабнува тимот.
За среќа Ерик тен Хаг кога дојде покажа смелост да го промени тоа“, изјави Баји.

ПретходноМбапе повторно покажа дека мисли само на себе (ВИДЕО)
СледноДинамо му пресуди на Томас Тухел, Челзи остана без тренер!