E.Пелистер 2 со победа ја почна новата сезона во Супер-лигата, откако на домашен терен го совлада ГРК Тиквеш со 28-23 (17-11). Овој триумф беше загревање за денешниот ден во салата „Боро Чурлевски“, каде вечер првиот го пречекува Скопје.
Избраниците на Александар Јовиќ ја заслужија победата, доминираа во првиот дел, имаа предност од 17-11. Поведоа со 3-1, па со 9-5, имаа највисоки 14-6. На другата страна Данило Брестовац немаше решение за противникот во овој дел.
По одморот малку се промени сликата, кавадарчани со серија од 9-3 намалија на 23-22. Но, домаќинот не дозволи целосен пресврт, го приведе мечот во своја корист.
Ивановски со осум гола беше прв стрелец кај битолчани, зад него беа Арсеновски и Белистојановски со по пет погодоци. Во редовите на Тиквеш, Симиќ имаше седум гола.