Неверојатна, фантастична партија на Лука Дончиќ вечерва во Келн, во меч од 5.коло во групата Б во Келн и тоа против Франција. Вистиска кошаркарска магија, рапсодија.
Лука едноставно покажа кој е кој во светот на кошарката.
“Луда“ партија за Словенија која беше сосема доволна за победа над Франција со 88:82. Иако имаше трилер во финишот, сепак сето тоа е втор план ако се знае дека Лука Дончиќ постигна вкупно 47 поени, нешто што е нестварно.
Ова беше кошарка за уживање, за кошаркарските сладокусци.
Со оваа победа селекцијата на Словенија го освои првото место во групата Б и во осминафиналето оди како најдобра од оваа група која се игра во Келн.
LUKA DONCIC YOU ARE ONE INSANE INDIVIDUAL pic.twitter.com/8akq09HfmD
— Itamar (@Itamar_17_10) September 7, 2022