Литванија сепак оди натаму, во следната фаза на ЕВРО 2022 и тоа од како попладнево во решавачкиот меч успеа да ја победи селекцијата на БиХ со 87:70.
Без разлика на желбите, мотивите и амбициите на Нуркиќ и другарите, сепак Литванија ја покажа својата класа и заслужено успеа да дојде до триуф.
Освен во првата четвртина, која заврши 28:28 и БиХ беше сосема рамноправен ривал, во преостанатиот дел од овој натпревар од групата Б која се игра во Келн, се беше на страната на Литванија.
Штета, и покрај се, БиХ покажа дека има квалитет за поголеми нешта.
Инаку кога станува збор за поентерите, најдобар на овој меч беше Муса со 22 поени кај БиХ, додека кај Литванците Григонис постигна 16 поени.