Наполи го победи и понижи европскиот вицешампион Ливерпул во првото коло од натпреварите во Лигата на шампионите. Очајниот Ливерпул можеше да заврши и потрагично доколку не успееше во второто полувреме да постигне макар еден гол, а доколку Наполи, пак, не промашеше пенал во првиот дел и искористеше уште неколку убави шанси за гол. Конечните 4:1 се сосема заслужени и на Наполи му носат голема предност во трката за двете места во групата кои водат во следната фаза, особено ако се знае дека денеска во првиот меч Ајакс го прегази Ренџерс со 4:0 на домашен терен и најави дека Ливерпул ќе има големи проблеми во обидот да ја мине групата.
Желински од пенал ги доведе наполитанците до 1:0 во 5. минута, а во 16. Осимхен промаши исто така удар од белата точка. Сепак до полувремето со головите на Ангиса и Симеоне Наполи веќе водеше со 3:0.
Во вториот дел следуваше брз гол на Желински за 4:0, па само почесен гол за „црвените“ преку Луис Диаз.
Во групата „Б“, Атлетико (М) во неверојатна звршница, сепак, успеа да слави со 2:1 против екипата на Порто. До 90. минута на „Ванда Метрополитано“ немаше гол, а потоа дури три во судиското проролжение. Со гол во 92. минута преку Хермосо домашните поведоа со 1:0, но гостите беа упорни, изборија пенал во 96. минута кој Урибе го претвори во гол за 1:1.
Атлетико (М) не се откажа, па со голот на Гризман во 100. минута успеа да дојде до трите бода за конечни 2:1.
Бриж минимално со 1:0 го совлада Баер (Л). Одликата падна во 42. минута кога Сила им донесе голема победа и три бода на Белгијците.
Баерн (М) со големата победа во Милано против Интер од 2:0 само ги потврди најавите на светските обложувалници дека е еден о дпрвите три фаворити за совојување на Лигата на шампионите оваа сезона. Баварците доминираа на „Сан сиро“ и со головите на Сане (25’) и автоголот на Д’Амбросио (66’) стигнаа до посакуваните три бода од првото големо дерби во „групата на смртта“.
За разлика од нив Барселона лесно ги прокнижи првите бодови декласирајќи ја Викторија Плзен со 5:1 на домашен терен. Хет-трик во дресот на каталонците постигна полскиот гол-стар Роберт Левандовски, а по еден гол постигнаа и Кеси и Торес.
Во групата „Д“ Тотенхем се намачи додека дојде до победата над француски Олимпик (М). Гостите одлично се држеа се до исклучувањето на Мбемба на почетокот на вториот дел. Потоа домашните притиснаа, а Ришарлисон со два гола успеа да им донесе на лондончани победа од 2:0.
Група „А“
Ајакс – Ренџерс 4:0
Наполи – Ливерпул 4:1
Група „Б“
Бриж – Баер Леверкузен 1:0
Атлетико Мадрид – Порто 2:1
Група „Ц“
Интер – Баерн Минхен 0:2
Барселона – Викторија Плзен 5:1
Група „Д“
Ајнтрахт Франкфурт – Спортинг 0:3
Тотенхем – Олимпик Марсеј 2:0