Во Англија социјалните мрежи, но и медиумите се „преплавени“ со критики по поразот на Челзи од Динамо Загреб од 1-0 на гостински терен во првото коло од Лигата на шампиони.
Секако, најгласни се навивачите на премиер-лигашот. Не можат да се помират со поразот, но и фактот дека нивниот тим не успеал да постигне гол на средбата во главниот град на Хрватска.
„Ова е многу срамно и многу понижувачко. Ако продолжиме вака, не ни „бега“ предвремената елиминација или испаѓањето во Лига Европа. Нешто е погрешно со овој состав на играчи, кои не можеа да постигнат гол ниту против најслабиот тим. А кога само ќе се потсетиме дека се радувавме на оваа група како веќе да сме ја освоиле Лигата на шампионите“, гласи најпопуларниот коментар.
„Повторно е виновен Тухел. Повеќе од четворица играчи играа надвор од позиција во истиот натпревар додека тој ги принуди да се вклопат во неговата формација. Воопшто нема рамнотежа во тимот“, додава еден навивач, додека друг се согласува со главен проблем: „Тухел треба да престане да ги става играчите на позиции кои не се природни за нив. Тоа воопшто не му помага на тимот. Многу срамна игра“.