Не е мала работа да се победи шампионот, уште повеќе ако резултатот е 3:1, и уште повеќе ако целосно го надиграш Шкупи, и тоа во текот на сите 90 минути па и повеќе.
Нгоба со два гола беше централна фигура кај кавадарчани, а Ивановски со еден само се надоврза на одличниот настап на Тиквеш.
Оваа победа, овие три бода и тоа како добро му дојдоа на Тиквеш, сега полесно се дише, посебно по оној шокантен пораз во Кратово од Силекс а и по вчерашното заминување на стратегот Влатко Костов.
И кога е така, а така е, тогаш следува победничко селфи од Кавадарци.