Познати се четири осминафинални двојки на Европското првенство!

275

Германија ја оправда фаворитската улога против Унгарија во последниот меч од групата Б која се игра во Келн. Ова беше меч без значење со оглед на тоа дека унгарските кошаркари ги загубија сите шанси за пласман во осминафиналето. Домаќинот славеше со убедливи 71-106 и групната фаза ја завршува на второто место на табелата, зад Словенија, пред Франција и Литванија.

По завршување на последното коло во групите „А“ и „Б“ ги имаме двојките во осминафиналето: Црна Гора игра против Германија во Берлин, Шпанија против Литванија, Словенија ќе ги одмери силите со Белгија додека Турција со Франција.

Ќе биде интересно во секој случај.

Утре ќе бидат комплетирани останатите двојки за осминафиналето, на програмата се последните натпревари од групите „Ц“ и „Д“.

ПретходноУ15: Пораз од Малезија на развојниот турнир на УЕФА (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноАлбанецот Шехи на клупата на Шкендија?