“Ранетите“ Тиквеш и Шкупи денеска на мегдан во Кавадарци!

235

Попладнево во Кавадарци од 16 часот се среќаваат Тиквеш и Шкупи во меч од 1.коло во ПМФЛ.Познато е дека овој натпревар требаше да се одигра на 7 август, но поради тогаш европските обврски на чаирчани, овој меч беше одложен за денеска.

И  кој тогаш можеше да претпостави дека на денешниот меч на клупите на двата тима нема да бидат Влатко Костов и Гоце Седлоски. Многу работи се променија во меѓувреме, и двете екипи не ја стартуваа сезоната според посакувањата па затоа и дојде до тренерска смена на двете клупи.

Токму затоа и двете екипи велиме дека се “ранети“, и на двете екипи трите бода им се повеќе од потребни.Посебно на шампионот кој ако сака да ја одбрани титулата веќе не смее да губи зошто Струга ТЛ гази ли гази.

Натпреварот ќе го суди Александар Грујоски од Кичево, а се очекува голема битка и крајно незвесен дуел во кој сепак Шкупие фаворит. Но јасно е дека од Тиквеш, и без Костов, и кога игра дома, се може да се очекува.

ПретходноВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА спонзор мотоциклистички шампион Христијан Бузалковски
СледноМаратонот на ЕП продолжува, жестока битка во групата А!