Реал (М) го загуби Бензема цел септември

181

По повеќечасовно нетрпеливо чекање, пристигнаа резултатите од прегледот на првиот стрелец на Реал (М), Карим Бензема, по неговата вчерашна повреда на дуелот со Селтик во премиерното коло во Лигата на шампионите.

По денешните прегледи е констатирано дека Бензема ќе мора да паузира неколку недели, што значи дека повредата не е така наивна.

Според извештајот, најдобриот фудбалер на денешницата не го повредил менискусот, туку напротив го истегнал квадрицепсот на десната нога, па неговата пауза ќе биде малку пократка отколку што првично се мислеше.

Тоа значи дека Бензема сигурно нема да биде на дуелите против Мајорка и РБ Лајпициг, но и на големото градско дерби против Атлетико Мадрид.

Голгетерот на теренот ќе се врати дури по септемвриската репрезентативна пауза, што значи дека нема да биде во акција ниту за натпреварите од Лигата на нации. Прогнозите од Шпанија велат дека Бензема ќе се врати на терените на 2 октомври.

ПретходноЦрна Гора го „зграби“ последниот билет за осминафиналето во Тбилиси!
СледноБудва, Крајова и Раднички на силен турнир по повод „75 години одбојка во Струмица“