Се огласи Мамиќ: Среќа што Динамо Загреб не игра во Премиер-лига

296

Динамо Загреб на сензационален начин ја отвори новата сезона во Лигата на шампиони. Хрватскиот тим за кого настапуваат македонските репрезентативци, Аријан Адеми и Стефан Ристовски на домашен терен го совлада Челзи со 1-0.

На социјалните мрежи се огласи екс-босот на овој клуб, Здравко Мамиќ, кој се наоѓа во Босна и Херцеговина, откако во Хрватска доби затворска од шест и пол години за кражба во Динамо.

Мамиќ излезе со интересна забелешка:

„Динамо 2:1 Арсенал, Вест Хем 0-1 Динамо, Динамо 1-0 Челзи…Среќа што Динамо не игра во Премиер-лига“, пиша Мамиќ.

ПретходноХАОС НА УС ОПЕН: Ник Кирјос изгуби, па почнаа да беснее – летаа рекети на теренот (ВИДЕО)
СледноНавивачите на Челзи – бесни: Ова е голем срам и понижување, не постигнавме гол против најслабата екипа!