Е.Пелитсер максимално ја оправда улогата на фаворит против Скопје 2020. Битолскиот тим на домашен терен славеше со 32-17 во последниот меч од првото коло во групата Б.
Костески со шест гола, еден помалку Ојлески, додека Танкоски, Руди и Атанасијевиќ имаа по четири. На другата страна Киселовски запиша пет гола, еден помалку запиша Трајковски.
Оваа средба беше решена по едно полувреме, домаќинот имаше предност од 11 гола (17-6). Мечот го отвори со водство од 5-1, кое полека го зголемуваше без проблем. На другата страна избраниците на Горан Кузманоски беа немоќни против силниот ростер на Е.Пелистер.
Второто полувреме не донесе промени, битолчани дојде на плус 16 (24-8), до крај без проблем го приведоа дуелот.
За Е.Пелистер овој меч беше загревање пред пресметката со Вардар 1961 во рамките на Супер-купот закажана за во недела во Охрид.