У15: Пораз од Малезија на развојниот турнир на УЕФА (ФОТОГАЛЕРИЈА)

360

Младата репрезентација на Македонија до 15 години денеска на тренинг центарот „Петар Милошевски” забележа пораз од Малезија во второто коло од Уефа развојниот турнир за фудбалери родени 2008 година.

Малезија забележа победа по подоброто изведување на пенали со резултат 4:2. Регуларниот дел од средбата заврши нерешено 1:1.

Во 16. минута, Грашески ја имаше првата одлична можност за фудбалерите на Раде Каранфилоски. Истиот играч во 28. минута од слободен удар го погоди дирекот од голот на противникот. Бранкоски во 34. минута пропушти нова добра прилика за Македонија.

Во продолжението од средбата, Македонија во 56. минута поведе со 1:0. Стрелец на голот беше одличниот Грашески. Во 59. минута од натпреварот Стоилов не искористи одлична можност за зголемување на предноста.

Малезија во 63. минута од пенал го израмни резултатот а воедно го постави и конечниот резултат во регуларниот дел од средбата.

По подобро изведување на пенали (4:2), противникот забележа победа во вториот круг од Уефа развојниот турнир.

ПретходноБудва, Крајова и Раднички на силен турнир по повод „75 години одбојка во Струмица“
СледноПознати се четири осминафинални двојки на Европското првенство!