Кога Рафаел Надал беше елиминиран од УС Опен, се чинеше дека Ник Кирјос, финалистот на Вимблдон има голема шанса за трофејот, но беше запрен во четвртфиналето.
Иако беше голем фаворит во дуелот со Карен Хачанов, тенисерот од Русија победи во пет сета (7:5, 4:6, 7:5, 6:7, 6:4) и се пласираше во полуфиналето во Њујорк каде за противник ќе го има Каспер Руд.
Натпреварот траеше дури три часа и 41 минута, а по завршување на истиот Кирјос почна да дивее поради поразот, кој дефинитивно му падна тешко. Маваше со рекетот, на крајот го фрли.
Nick Kyrgios visibly frustrated after his #USOpen Quarterfinal loss 👀pic.twitter.com/i6x32ZDwwY
— ClutchPoints (@ClutchPointsApp) September 7, 2022
Да потсетиме, Кирјос го нокаутираше шампионот Медведев на УС Опен, додека Стефанос Циципас беше елиминиран од најголемите фаворити уште во првото коло. Така, на едната страна останаа само Хачанов и Руд, а на другата страна за полуфинале се борат Рубљов и Тијафо или Алкараз и Синер.