Црна Гора го „зграби“ последниот билет за осминафиналето во Тбилиси!

118

Црна Гора е последниот патник од групата А во осминафиналето на Европското првенство, каде ќе игра против Германија. Оваа селекција ја совлада Грузија со 73-81 која имаше голема поддршка од своите навивачи во Тбилиси.

Дробњак со 22 поени го предводеше својот тим, Пери запиша 15 поени и 9 асистенции. Мекфаден кај домаќинот имаше 16 поени.

Грузијците не се опоравија од шокантниот пораз од Бугарија вчера. Црна Гора во голем дел од натпреварот го имаше водството. Поведе со 4-9, па со 15-21 пред крајот на првата четвртина. Домаќинот со серија од 9-0 поведе со 28-26, но одморот позитивата ја имаше Црна Гора (35-41).

Во следниот период не промени ништо, мечот одеше во еден правец, момците на Бошко Радовиќ го одржуваа водството. Грузија притискаше во последните две минути намали на 68-74. Дробњак, еден од лидерите во Црна Гора заедно со Радовиќ ставија печат на оваа средба.

Покрај Црна Гора која заврши на третото место на табелата во следната рунда ќе ги гледаме Шпанија како првопласирана, Турција е зад неа, додека четвртата позиција и припадна на Белгија.

ПретходноАјакс го прегази Ренџерс, Спортинг (Л) му покажа на Ајнтрахт што е меч во ЛШ (ВИДЕО)
СледноРеал (М) го загуби Бензема цел септември