Шкендија во проблеми, се расипа работата со Ќато, Дуро и Ѓока се кандидати за тренер…можна е и сензација!

3418

 

Новото раководство на Шкендија е во големи проблеми. Како што велат нашите информации работата со Ќатип Османи да се врати на клупата на Шкендија и дефинитивно пропаднала. Иако речиси беше се готово, во последен момент челниците на клубот одлучиле да ги зваршните преговори. Па така, барем до синоќа, Ќато не беше веќе опција за шеф на стручниот штаб на тетовци.

Сега се шпекулира, барем според пишувањето на медиумите во Албанија со имињата на Шпетим Дуро и Ернест Ѓока, тренери кои веќе биле во Шкендија. Првиот во два наврати, додека вториот ја освои и титулата во 2021 година. Веројатно некои работи денеска ќебидат повеќе познати.

Инаку како што дознаваме можно е да има и сензација. Можно е нов тренер да биде еден од оние кои во изминатите денови си заминаа од едни наши прволигашки клубови,значи можно е и “домашно решение“.

Останувада се види потегот на новото раководство на Шкендија.

ПретходноНавивачите на Челзи – бесни: Ова е голем срам и понижување, не постигнавме гол против најслабата екипа!
Следно„Лавот“ Адеми:Челзи не беше слаб, ние му дозволивме толку да игра!