Репрезентацијата на Шпанија со конечни 72:69 ја совлада Турција предмалку во рамките на 5. коло од Европскиот кошаркарски шампионат, со што автоматски го зазема првото место во групата А.
Во исклучително неизвесен и интересен меч, „Фуријата“ на крајот славеше со три разлика исклучиво затоа што беше посконцентрирана во самата завршница.
Најјефикасен поединец на мечот беше Чеди Осман со 20. поени додека пак кај победничкиот тим на Шпанија Вили Хермагомес застана на 15.