Албанецот Шехи на клупата на Шкендија?

801

Шкендија и натаму е во исчекување на ново тренерско име по заминувањето на Артим Шаќири. Според информациите кои вечерва доаѓаат од Албанија, наследник на Артим на кормилото на тетовските „црно-црвени“ ќе биде актуелниот тренер на Тирана, Оргес Шехи, кој утре според извори на албанските медиуми се очекува да отпатува во Тетово за да разговара за деталите од договорот.

Тој е контактиран од челниците на Шкендија и ја добил понудата, но има уште време за разговор пред да прифати да ги преземе тетовци.

ПретходноПознати се четири осминафинални двојки на Европското првенство!
СледноОФИЦИЈАЛНО: Пјаниќ направи трансфер во ОАЕ