Тимот на Ливерпул вечерва во рамките од Лигата на Шампионите гостува кај Наполи. Се знае дека англиките тимови каде и да играат со себе носат илјадници навивачи, што и не е така лагодно да се слушне при гостување во Наполи. Па така, на вчерашната прес конференција, онаа пред денешниот дуел, менаџерот на Ливерпил Јирген Клоп беше запрашан за мислење околу безбедноста на англиските навивачи во Наполи. Новинарот го спомена како пример мечот од финалето од Лигата на Шампионите во Парис, каде што се случија инциденти на грабежи и тепачки на релација локално населените – навивачи.
„Сакате да добиете од мене бомбастичен наслов? Ова е незгодно прашање од твоја страна и навистина не го разбирам. Дали сте од Неапол и мислите дека овој град е опасен? Не знам затоа што не живеам таму. Кога сум таму, јас сум во хотелот каде што сум заштитен. Знаете за што зборуваат луѓето. Ако некој од нашите поддржувачи се сретнат со локалното население, може да се случи нешто, но тоа не е поврзано со градот, па не знам. Не сум тука за да ви правам наслови“, им се обрати на медиумите Клоп.
Неговата изјава е во спротивност со изјавата на клубот дадена само неколку часа претходно, која ги повика навивачите да останат блиску од хотелите во слободно време и да не носат бои на Ливерпул како мерка на претпазливост од проблеми.
„Навивачите кои пристигнуваат во Неапол пред натпреварот треба да останат во нивниот хотел каде што ќе можат да јадат и пијат. Силно се препорачува да не носат тимски бои кога патуваат. Навивачите не треба да се собираат на јавни места и да избегнуваат изолирани области подалеку од областа на пристаништето. Силно препорачуваме да се избегнува и центарот на градот“, стои во дел од информацијата поврзана со гостинските симпатизери на Ливерпул.
Дури тогаш германскиот менаџер се сврте кон самиот натпревар, кој е воведен во оваа ЛШ сезона. Тој изјавуви дека му треба уште малку време за да оствари победа на гости против овој противник, како што никогаш претходно не го направил.
„Никогаш не сум победил овде, ниту со Ливерпул ниту со Дортмунд. Ми треба малку повеќе време очигледно, но понекогаш ви требаат неколку обиди. Што треба да правиме? Да одиграме подобро од нашите претходни три натпревари, на кои не се претставивме добро, но и затоа што Наполи е многу силен тим“, коментираше тој за самиот натпревар.