ОФИЦИЈАЛНО: Пјаниќ направи трансфер во ОАЕ

190

Босанскиот интернационалец Миралем Пјаниќ и официјално ја напушти Барселона и му се приклучи на тимот од ОАЕ, Ал Шарјах. 32-годишниот фудбалер го раскина договорот со Каталонците, по што потпиша со азискиот клуб.

Неговиот договор е на две години со опција за продолжување на уште една.

Пјаниќ беше непотребен во Барселона по летниот подготвителен период и доби шанса да си замине. Минатата сезона играше како позајмен во Бешикташ.

ПретходноАлбанецот Шехи на клупата на Шкендија?
СледноЛШ: Наполи го понижи Ливерпул, Баерн се прошета во Милано, Левандовски почна со хет-трик (ВИДЕО)