На повидок е голема сензација. Имено по првите 45.минути од заостанатиот меч од 1.коло во ПМФЛ, Тиквеш со 2:0 води против Шкупи, протов шампионот. Чаирчани се во нокдаун, иако играат речиси со најдобриот состав, го нема само Сандеј Аадетунџи, тие никако не можат да му парираат на домашниот состав, кој иако без Влатко Костов, кој вчера си замина од Тиквеш, едноставно си поигрува со Шкупи.
Стрелци на головите беа Нгоба во 24.минута и Ивановски во 28. минута за заслужено водство од 2:0.