Интересно, имено попладнево доаѓаат вести од Островот дека Томас Тухел добил отказ во Челзи не поради синоќешниот пораз од Динамо Загреб, туку поради фактот дека тој не го одобрувал трансферот на Кристијано Роналдо на кој инсистирал новиот газда во клубот, Тод Боли кој го поскаувал Португалецот и поради маркетиншките права.
Во текот на целиот летен преоден рок Тухел морал да се правда дека не му треба Роналдо, и затоа неговиот отказ бил спремен уште шред тимот да замине во Загреб.