Динамо Загреб на сензационален начин ја отвори новата сезона во Лигата на шампиони. Хрватскиот тим за кого настапуваат македонските репрезентативци, Аријан Адеми и Стефан Ристовски на домашен терен го совлада Челзи со 1-0.
На социјалните мрежи се огласи екс-босот на овој клуб, Здравко Мамиќ, кој се наоѓа во Босна и Херцеговина, откако во Хрватска доби затворска од шест и пол години за кражба во Динамо.
Мамиќ излезе со интересна забелешка:
„Динамо 2:1 Арсенал, Вест Хем 0-1 Динамо, Динамо 1-0 Челзи…Среќа што Динамо не игра во Премиер-лига“, пиша Мамиќ.