Во моментов менаџерот на Брајтон Греем Потер е фаворитот да го преземе местото менаџер на тимот на Челзи. „Сините“ останаа без кормилар по поразот синоќа во Загреб од Динамо во рамките од првото коло од Лигата на Шампионите, па сега се во потрага по замена откако Томас Тухел доби отказ.
Брајтон од друга страна даде официјална дозвола Челзи да преговара со во моментов неговиот менаџер, а евентуалниот трансфер би чинел 18. милиони фунти.
Овие информации се последните кои англиските медиуми ги лиферуваат на оваа тема, со назнака дека Челзи нема премногу да чека на оваа тема туку сака веднаш да го реши прашањето и да продолжи понатаму сезонава.