ВАР технологијата е во фудбалот со години, веќе сите се навикнаа на неа. Не е тајна дека истата помалку созадава нервози, ова особено поради чудно исцртани линии и милиметарски офсајди. Од оваа сезона во Лигата на шампионите се користи нова технологија, што треба да остави помалку простор за шпекулации.
Истата беше применета оваа недела на 16 натпревари од Лигата на шампионите и веќе даде резултати, бидејќи одлуките се носат побрзо, а графиките претставени на ситуацијата се многу подобри „за очи“ особено кај телевизиските гледачи. Ниту тренерите не протестираа јавно и прифатија дека ова е иднината на фудбалот, ситуациите се многу појасни, па се надеваме дека теориите на заговор ќе станат минато.
Така, на натпреварот помеѓу Клуб Бриж и Баер Леверкузен (1:0), голот на гостинскиот играч Патрик Шик во 73. минута беше поништен со полуавтоматски систем за офсајд и тоа брзо.
Дефанзивецот Џонатан Та, беше само неколку милиметри во офсајд, односно новата технологија покажа дека неговиот прст буквално е во недозволена позиција. Новата графика не оставаше простор за дилема, токму поради прстот на играчот на Баер, кој„штрчеше“ над линијата за офсајд.
Инаку, сензорот во внатрешноста на топката испраќа податоци 500 пати во секунда, што овозможува прецизно откривање на точката на удар за офсајд одлуки, а линиите се „исцртуваат“ врз основа на 3Д модели кои се попрецизни од телевизиските снимки.
The new UCL offside technology ruled Jonathan Tah (Bayer 04) offside by mere millimeters…#UCL #CLUB04 #Bayer04 #Leverkusen #ClubBrugge pic.twitter.com/PMDXdRPyXb
— Inversée (@eesrevni) September 7, 2022