Томас Тухел стана минати во Челзи, по поразот од Динамо Загреб во рамките на отварањето на новата сезона во Лигата на шампиони.
Од клубот најавија дека наскоро ќе биде објавено и новото тренерско име, а според тамошните медиуми во иднина „сините“ ќе ги води Грем Потер. Договорот меѓу двете страни е потпишан, се очекува негова официјална промоција, тој ќе дебитира во сабота на дуелот со Фулам.
Потер има договор со Брајтон, но веднаш добил зелено светло да го превземе Челзи, а сумата за оштета ќе изнесува 18,5 милиони евра. Тој нема големо искуство како тренер во силните лиги, ниту пак импресионираше во Премиер-лигата.