Во сабота ќе се одржи 35. Охридскиот пливачки маратон – се пријавија 8 пливачи од 5 земји

119

Во сабота на 10 септември на Охридското езеро ќе се одржи 35. Охридски пливачки маратон, а на него ќе учествуваат пливачи од Аргентина, Италија, Словенија, Косово и Македонија.
Странските пливачи се веќе во Охрид каде се аклиматизираат и се подготвуваат за маратонот кој ќе се плива во должина од 25 километри од Св.Наум до Охрид. По повод претстојниот пливачки спектакл организацискиот одбор имаше прес-конференција на која има посака добредојде на спортистите.

„Од името на градот Охрид и организацијата ви посакувам убав престој во Охрид и добра трка, па нека победи најдобриот“, рече Ристе Јанкоски, претседател на организацискиот одбор на Охридскиот пливачки маратон.

Меѓу учесниците е и Франческо Гетини од Италија кој четврти пат ќе плива во Охрид. Претставник на Косово е 17-годишното момче Сидрит Деску кој првпат ќе плива.
„Очекувам да ја завршам трката бидејќи прв пат настапувам во Охрид. Имам настапувано на трки од 5 километри, но ова е нешто ново за мене“, изјави Деску.

Освен нив, други учесници се Аргентинците Матијас Диаз Хернандез и Рита Ванеса Гарсија која е единствен женски натпреварувач, Арне Фурлан Шутлар од Словенија, Арион Будима од Косово и македонските пливачи Александар Илиевски и Евгениј Поп Ацев.
Маратонот во сабота стартува во 10 часот во Св. Наум, а целта е на кејот во Охрид.
Извор: Оhridnews
ПОВЕЌЕ ЗА ТРКАТА ОВДЕ

ПретходноПендаровски ги одликуваше македонските спортисти со државно признание Орден „8 Септември“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноИстанбул на нозе – две големи ѕвезди дојдоа во Галатасарај